|
Општина Маврово и Ростуша учесник на Меѓународниот Саем за туризам во Охрид |
|
|
|
|
Четврток, 21 Јануари 2010 00:00 |
|
По трети пат годинава во месец Јануари во Охрид се одржа Меѓународниот саем за туризам на кој свое учество зеде и Општина Маврово и Ростуша заедно со ЈУ Национален пар “Маврово“. Имајќи ја предвид местположбата и карактеристиките на нашиот реон, претежно ридско-планинско подрачје со можност за развој на алтернативен туризам, како и зимски туризам кој се има развивано во претходните години, општината реши да учествува на овој саем и да ги промовира своите туристички капаците со кои располага.
На саемот беа изложени разновидни промотивни материјали, со основна намера да се престави туристичкиот потенцијал на Општина Маврово и Ростуша.
|