Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Ерозија на земја на Регионалниот пат Р409 Дебар-Маврово PDF Печати Е-пошта
Четврток, 14 Јануари 2010 00:00
AddThis Social Bookmark Button

Лизгање на земјиште на регионалниот пат Дебар-Mаврово

Во близина на с.Скудриње - Општина Маврово и Ростуша на регионалниот пат Р409 Дебар-Маврово во текот на месец Јануари неколку пати настана ерозија-лизгање на земјиште со што патот беше целосно затворен за сообраќај во двете насоки. Екипите на ЈП “Македонија пат“ постојано беа на терен и работеа на расчистување на патот, а и сега во овие моменти ја следат ситуацијата и доколку постои потреба спремни се да интервенираат. Ерозијата, односно лизгањето на земјиштето е доста големо и се наоѓа над самиот регионален пат, под селото Скудриње, со што постои можност да предизвика и поголеми последици кои опасно ќе влијаат не само во однос на сообраќајот, туку и во однос на домаќинствата и жителите на ова село.

По тој повод Општина Маврово и Ростуша излезе на терен уште при самиот почеток на лизгање на земјиштето и направи увид на состојбата, а за тоа го извести и Центарот за управување со кризи, кој исто така испрати свои преставници на лице место со цел да се предвиди натамошното движење на земјиштето и превентивно да се делува.