Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Јавен конкурс за доделување на финансиски средства за поддршка при создавање на нови приватни дејности PDF Печати Е-пошта
Сабота, 09 Јануари 2010 00:00
AddThis Social Bookmark Button

Невладините организации ГВЦ и УКОДЕП, во рамките на проектот,,Заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржлив еко-туризам во Национален Парк Маврово,, финансиран од Италијанската кооперација објавуваат
ЈАВЕН КОНКУРС
за доделување на финанскиски средства за поддршка
при создавање на нови приватни дејности
Конкурсот е отворен за сите полнолетни лица со адреса на постојано живеалиште во Националниот парк Маврово. Проектните идеи треба да бидат насочени кон создавање на нови работни места и развивање на туризмот во Национален Парк Маврово во следните сектори:
· Одржлив туризам;
· Одржливо земјоделство;
· Заштита на животната средина.
Останати важни елементи:
· Ќе бидат финансирани најмногу 10 проектни идеи.
· Финансиските средства ќе бидат дозволени во изноз од минимум € 5.000 а максимум € 8.000,00 за секој проект на приватна дејност.
· Секој субјект барател треба да учествува со коофинансирање од минимум 25% од вкупниот износ.
· Секој субјект барател има право да учествува само со еден проект на приватна дејност.
· Субјектите на кои ќе им бидат одобрени финансиски средства задолжително треба да го посетат Курсот на обука и ориентација за создавање на претпријатие организиран од Проектот.
Проектните идеи треба да бидат испратени по пошта или доставени во затворен коверт на адреса: УКОДЕП, Бул 11 Октомври, 46/1-61000 Скопје
Барањата треба да пристигнат на горенаведената адреса најдоцна до:
петок29 јануари 2010, 17.00 часот
Целосниот текст на конкурсот може да се симне од веб страницата:www.npmavrovo.org.mk или пак да се побара од информативно-туристичката канцеларија на Националниот парк Маврово (Маврови Анови) и од Општината Маврово Ростуше.

 

Последно освежено на Сабота, 12 Јуни 2010 19:35