|
На 15.12.2009 год. (Вторник) во Дебар се одржа изложба на слики од Реканскиот и Дебарскиот регион |
|
|
|
|
Вторник, 15 Декември 2009 00:00 |
|
На 15.12.09 год. во Дебар во просториите на новиот Амам, под покровителство на Министерството за култура на Р.Македонија, Управата за заштита на културното наследство, Општина Дебар и Општина Маврово и Ростуша беше отворена изложба на фотографии - Културно и природно наследство во Дебар и Река. Изложбата ја отвори директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, а со збор се обратија и домаќините на овој настан Градоначалникот на Дебар Аргетим Фида и Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди. Изложбата опфати повеќе фотографии од Дебарскиот регион, езерото Шпиље, стара архитектура на куќи низ Дебар и др. додека од Мавровоскиот и Реканскиот регион беа опфатени дел од природните убавини со кои може да се пофали овој регион, како и културното наследство.
|
|
Последно освежено на Сабота, 12 Јуни 2010 19:38 |