|
Конститутивната седница на локалниот совет за превенција |
|
|
|
|
Петок, 12 Март 2010 00:00 |
|
На 02.12.2009 год. (Среда) во просториите на Општина Маврово и Ростуша се одржа конститутивната седница на Локалниот совет за превенција при Општина Маврово и Ростуша. Со состанокот преседаваше Градоначалникот Мукрем Мехмеди, кој воедно е и Претседател на истиот. На состанокот присутни беа и Претседателот на Советот Неџат Исмаили, преставници од Министерството за внатрешни работи, како и преставници на полициските станици на територијата на Општина Маврово и Ростуша, ПС Ростуше, ПС Маврово и погранична ПС Жировница.
Основна цел на овој Совет е обезбедување безбедност и квалитетен живот на локалното население, превенција од несакани дејствија, пороци и друго. Инаку во советот ќе членуваат преставници од општината, претседатели на месни заедници, преставници на Министерството за внатрешни работи, преставници на здравствен дом, на Национален парк “Маврово“ и други.
|
|
Последно освежено на Сабота, 12 Јуни 2010 19:11 |