Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Mavrovo tour 2010 PDF Печати Е-пошта
Четврток, 03 Јуни 2010 00:00
AddThis Social Bookmark Button

И оваа година Општина Маврово и Ростуша и ЈУ НП “Маврово“ со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија на ден 06.06.2010 год. Недела со почеток во 12 .00 часот по втор пат го организираат големиот настан “Mavrovo tour" - трка со велосипеди околу мавровското езеро.

Настанот оваа година има хуманитарен карактер и собраните средства од истиот ќе бидат наменети за изградба на одделение за интензивна нега при Клинката за детска хирургија во Скопје. Исто така настанот покрај тоа што е спортски ќе биде одбележан и со точки од културен карактер, како со традиционални песни и ора, така и со учество на познати музички ѕвезди од нашата поп-естрада.

Организаторите и спонзорите со цел да ја поддржат оваа хуманитарна акција насловена како “Можеш ако сакаш“, изработија поголем број на маици со нивните логоа кои ќе бидат наменети за продажба и ќе се продаваат по 200 ден. од маица, каде што во истата сума ќе биде вклучено слободно возење со жичара до падините на планината Бистра и  назад, како и слободен влез во познатата пештера Шаркова дупка.

Последно освежено на Сабота, 12 Јуни 2010 19:30