|
Со потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша Г-дин Мукрем Мехмеди и Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) од Скопје, нашата општина се вклучи во нов проект со кој ќе се придонесе во јакнење на меѓуетничките односи во општината.
Овие проектни активности ги реализираме во рамки на проектот Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините што се реализира во рамки на програмата CIVICA Mobilitas, спроведувана од Центарот за институционален развој (ЦИРа) и финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, застапувана од Канцеларијата за соработка во Скопје, и во партнерска соработка помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и општина Тетово за реализација на проектните цели и задачи.“
Основна цел на проектот во кој покрај нашата, партиципираат и општините Куманово, Тетово, Струмица и Струга е „Јакнење на демократското учество во општините за унапредување на меѓуетничката соработка во Основните Училишта и локалната заедница“ а проектните активности ќе се изведуваат во две основни училишта со ученици со мешан етнички состав: „Ѓорѓи Пулевски“ од село Ростуше и „Јосип Броз Тито“ од село Жировница.
Проектот ќе се одива од февруари до декември 2010 година, а за координација на проектните активности на ниво на општината беше формиран Општински тим кој го сочинуваат Илбер Имероски претставник од Општина Маврово и Ростуше, Фемија Сулејмани од О.У „Ѓорѓи Пулевски“ од Ростуше и Илмија Шабани од О.У „Јосип Броз Тито“ од село Жировница.
Во рамките на подготвителните активности во средината на месец март 2010 година во Хотел „Алпина“ во Маврово се одржа работилница на која претставниците на општинските тимови беа обучувани во стекнување на знаења и вештини за реализација на воннаставните активности во училиштата и комуникација со локалните медиуми.
Во текот на април и мај 2010 година 120 ученици од мешан етнички состав од двете училиштата вклучени во проектот, ќе прибираат податоци за изработка на портфолио на тема: „Што знаеме за Река“, додека на почетокот на наредната учебна планирано е да се одржат спортски натпревари во кошарка и етно изложба.
Целта на сите овие активности е преку дружење, прибирање податоци и спортски натпревари да се придонесе кон јакнење на меѓусебната комуниокација помеѓу учениците од различен етнички состав
За крај на проектот предвидена е завршна конференција на која претставниците на општините ќе ги презентираат постигнатите резултати и ќе биде промовиран Прирачник за унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините. |