Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
На регионалниот пат Маврово-Дебар Р409 и официјално пуштени во употреба двете коловозни ленти PDF Печати Е-пошта
Среда, 24 Февруари 2010 00:00
AddThis Social Bookmark Button

Денес, среда 24.02.2010 год. околу 15 часот и 30 минути и официјално беа пуштени во употреба двете коловозни ленти на регионалниот пат Маврово-Дебар Р409. Инаку до неодамна на овој пат функционираше само една коловозна лента, а причината за сето тоа беше падот на неколку сериски лавини во периодот од 11 февруари па наваму. Со оглед на зафатнината и големината на лавините се правеа обиди сообраќајот да може да биде што пофункционален и пократко време прекинат.

Пуштањето во употреба на патот официјално го означи портпаролот на Министерството за транспорт и врски Г-динот. Драган Симоновски.

На овој настан учествуваа и медиумите, како и преставници на Општина Маврово и Ростуша и преставници од раководството на ЈП “Македонија пат“.

 

 

Последно освежено на Сабота, 12 Јуни 2010 19:32