|
Започна асфалтирање на дел од локалниот пат Ростуше – Велебрдо |
|
|
|
|
Вести
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Среда, 07 Јули 2010 13:57 |
|
Денес и официјално започна со асфалтирање на дел од локалниот пат Ростуше-Велебрдо на место викано “Кај Костен“. Инаку овој дел од патот беше во лоша состојба и во континуирано пропаѓање посебно во текот на последните неколку години после неговата рестврација.
Токму поради овој факт Општина Маврово и Ростуша, навремено реагираше и излезе со предлог проект за санирање на изместениот дел од патот. По пат на јавна набавка беше избран најповолниот понудувач – фирмата ИМАКО, која започна со изведба на работите и со асфалтирање на патот.
Средствата со кои се финансира овој проект се обезбедени од буџетот на Општина Маврово и Ростуша.
|
|
Последно освежено на Среда, 07 Јули 2010 14:20 |
|
|
Јавна презентација на портфолио на тема „ШТО ЗНАЕМЕ ЗА РЕКА“ |
|
|
|
|
Вести
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Среда, 09 Јуни 2010 00:00 |
|
Во рамките на проектот “Јакнење на меѓуетничкиот дијалог во општините”на 2 јуни 2010 година во Домот на Културата во село Ростуше ученици од основните училишта „Ѓорѓи Пулевски“ од Ростуше и „Јосип Броз Тито“ од Жировница одржаа јавна презентација на изработено портфолио, на тема „Што знаеме за Река“. На почетокот на презентацијата пред присутните ученици, родители и гости со поздравен говор се обрати градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша Г-дин Мукрем Мехмеди. |
|
Последно освежено на Сабота, 12 Јуни 2010 19:30 |
|
Вести
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Четврток, 03 Јуни 2010 00:00 |
|
И оваа година Општина Маврово и Ростуша и ЈУ НП “Маврово“ со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија на ден 06.06.2010 год. Недела со почеток во 12 .00 часот по втор пат го организираат големиот настан “Mavrovo tour" - трка со велосипеди околу мавровското езеро.
Настанот оваа година има хуманитарен карактер и собраните средства од истиот ќе бидат наменети за изградба на одделение за интензивна нега при Клинката за детска хирургија во Скопје. Исто така настанот покрај тоа што е спортски ќе биде одбележан и со точки од културен карактер, како со традиционални песни и ора, така и со учество на познати музички ѕвезди од нашата поп-естрада.
Организаторите и спонзорите со цел да ја поддржат оваа хуманитарна акција насловена како “Можеш ако сакаш“, изработија поголем број на маици со нивните логоа кои ќе бидат наменети за продажба и ќе се продаваат по 200 ден. од маица, каде што во истата сума ќе биде вклучено слободно возење со жичара до падините на планината Бистра и назад, како и слободен влез во познатата пештера Шаркова дупка.
|
|
Последно освежено на Сабота, 12 Јуни 2010 19:30 |
|
Повеќе...
|
|
Соопштенија
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Четврток, 13 Мај 2010 00:00 |
|
Се соопштуваат медумите дека на ден 13.05.2010 год., четврток во официјална посета на Општина Маврово и Ростуша, доаѓаат Претседателот на Влада на Р.Македонија, Г-дин. Никола Груевски, дел од Министрите при Влада на Р.М. и директори на јавни установи и претпријатија.
Целта на посетата е одржување на отворена јавна трибина на која што присутните граѓани можат да поставуваат прашања.
Јавната трибина ќе се одржи во просториите на Домот на културата во с.Ростуше, со почеток во 17.00 часот. Добредојдени се сите медиуми. |
|
Последно освежено на Сабота, 12 Јуни 2010 19:33 |
|
Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините |
|
|
|
|
Вести
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Петок, 16 Април 2010 00:00 |
|
Со потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша Г-дин Мукрем Мехмеди и Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) од Скопје, нашата општина се вклучи во нов проект со кој ќе се придонесе во јакнење на меѓуетничките односи во општината.
Овие проектни активности ги реализираме во рамки на проектот Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините што се реализира во рамки на програмата CIVICA Mobilitas, спроведувана од Центарот за институционален развој (ЦИРа) и финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, застапувана од Канцеларијата за соработка во Скопје, и во партнерска соработка помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и општина Тетово за реализација на проектните цели и задачи.“
|
|
Последно освежено на Сабота, 12 Јуни 2010 19:31 |
|
Повеќе...
|
|
Конститутивната седница на локалниот совет за превенција |
|
|
|
|
Вести
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Петок, 12 Март 2010 00:00 |
|
На 02.12.2009 год. (Среда) во просториите на Општина Маврово и Ростуша се одржа конститутивната седница на Локалниот совет за превенција при Општина Маврово и Ростуша. Со состанокот преседаваше Градоначалникот Мукрем Мехмеди, кој воедно е и Претседател на истиот. На состанокот присутни беа и Претседателот на Советот Неџат Исмаили, преставници од Министерството за внатрешни работи, како и преставници на полициските станици на територијата на Општина Маврово и Ростуша, ПС Ростуше, ПС Маврово и погранична ПС Жировница.
|
|
Последно освежено на Сабота, 12 Јуни 2010 19:11 |
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
|
|
Страница 1 од 3 |