|
Јавна презентација на портфолио на тема „ШТО ЗНАЕМЕ ЗА РЕКА“ |
|
|
|
|
Среда, 09 Јуни 2010 00:00 |
|
Во рамките на проектот “Јакнење на меѓуетничкиот дијалог во општините”на 2 јуни 2010 година во Домот на Културата во село Ростуше ученици од основните училишта „Ѓорѓи Пулевски“ од Ростуше и „Јосип Броз Тито“ од Жировница одржаа јавна презентација на изработено портфолио, на тема „Што знаеме за Река“. На почетокот на презентацијата пред присутните ученици, родители и гости со поздравен говор се обрати градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша Г-дин Мукрем Мехмеди. |
|
Последно освежено на Сабота, 12 Јуни 2010 19:30 |
|
Четврток, 03 Јуни 2010 00:00 |
|
И оваа година Општина Маврово и Ростуша и ЈУ НП “Маврово“ со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија на ден 06.06.2010 год. Недела со почеток во 12 .00 часот по втор пат го организираат големиот настан “Mavrovo tour" - трка со велосипеди околу мавровското езеро.
Настанот оваа година има хуманитарен карактер и собраните средства од истиот ќе бидат наменети за изградба на одделение за интензивна нега при Клинката за детска хирургија во Скопје. Исто така настанот покрај тоа што е спортски ќе биде одбележан и со точки од културен карактер, како со традиционални песни и ора, така и со учество на познати музички ѕвезди од нашата поп-естрада.
Организаторите и спонзорите со цел да ја поддржат оваа хуманитарна акција насловена како “Можеш ако сакаш“, изработија поголем број на маици со нивните логоа кои ќе бидат наменети за продажба и ќе се продаваат по 200 ден. од маица, каде што во истата сума ќе биде вклучено слободно возење со жичара до падините на планината Бистра и назад, како и слободен влез во познатата пештера Шаркова дупка.
|
|
Последно освежено на Сабота, 12 Јуни 2010 19:30 |
|
Повеќе...
|