Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Честитки PDF Печати Е-пошта
Вторник, 07 Септември 2010 22:00
AddThis Social Bookmark Button

 

 

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша Г-дин. Мукрем Мехмеди на сите граѓани на Р.Македонија им го честита 8-ми Септември - Денота на независноста на Р.Македонија, додека на граѓаните со исламска вероисповест им го честита верскиот празник Рамазан Бајрам, а согласно Законот за празниците на РМ (“Службен весник на РМ“ бр.21/98 и бр.18/07) и Објавата на Министерството за труд и социјална политика овие два дена, односно 08.09.2010 год. и 09.09.2010 год. ги прогласува за неработни на териотријата на општината.

Последно освежено на Вторник, 07 Септември 2010 22:13
 
Започна асфалтирање на дел од локалниот пат Ростуше – Велебрдо PDF Печати Е-пошта
Среда, 07 Јули 2010 13:57
AddThis Social Bookmark Button

 


Денес и официјално започна со асфалтирање на дел од локалниот пат Ростуше-Велебрдо на место викано “Кај Костен“. Инаку овој дел од патот беше во лоша состојба и во континуирано пропаѓање посебно во текот на последните неколку години после неговата рестврација.

Токму поради овој факт Општина Маврово и Ростуша, навремено реагираше и излезе со предлог проект за санирање на изместениот дел од патот. По пат на јавна набавка беше избран најповолниот понудувач – фирмата ИМАКО, која започна со изведба на работите и со асфалтирање на патот.

Средствата со кои се финансира овој проект се обезбедени од буџетот на Општина Маврово и Ростуша.

 

Последно освежено на Среда, 07 Јули 2010 14:20
 
Јавна презентација на портфолио на тема „ШТО ЗНАЕМЕ ЗА РЕКА“ PDF Печати Е-пошта
Среда, 09 Јуни 2010 00:00
AddThis Social Bookmark Button

Во рамките на проектот Јакнење на меѓуетничкиот дијалог во општинитена 2 јуни 2010 година во Домот на Културата во село Ростуше ученици од основните училишта „Ѓорѓи Пулевски“ од  Ростуше и „Јосип Броз Тито“ од  Жировница  одржаа  јавна презентација на изработено портфолио, на тема „Што знаеме за Река“. На почетокот на презентацијата пред присутните ученици, родители и гости со поздравен говор се обрати градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша Г-дин Мукрем Мехмеди.

Последно освежено на Сабота, 12 Јуни 2010 19:30
 
«ПочетокПред123СледноКрај»

Страница 1 од 3